Денеска се сретнав со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“, па беше констатирано дека Коалицијата оствари успешен и историски резултат кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Добивме поддршка од претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на идната влада. Според заклучокот на состанокот разговорите треба да се водат на основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности“, напиша Мицкоски.