More

    Иднината на регионот е во економската соработка, порача Мицкоски од Вашингтон

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон, заедно со претседателите на Влада на Република Албанија, Еди Рама, и на Република Црна Гора, Милојко Спајиќ, оствари средба со сенаторката Џин Шајин, сенаторот Том Тилис и со членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО.

    Мицкоски, како што информира владината прес-служба, посочи дека балканскиот регион помина тежок период на предизвици и промени кои покажаа дека соработката, забрзаниот развој и инвестирањето во пријателства на граѓаните единствено им носи подобар живот. Тој истакна дека блокадите, кочењето и опструкциите треба да бидат реликвија на едно минато време од кое регионот треба да извлече поуки како се заглавува во неразумни спорови и се создаваат стереотипи и раздор меѓу граѓаните.

    – Секоја иницијатива која е за поголема соработка на регионот и која може да донесе подобар живот е добредојдена – истакна Мицкоски и додаде дека е потребен нов почеток и генерација на политичари подготвени за разумен дијалог базиран на факти.

    Според него, иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кој преставува најголема закана за напредокот.

    – Македонската Влада е посветена на развиена економија и воспоставување на владеењето на правото – рече Мицкоски.

    Во рамки на посетата на Вашингтон, премиерот Мицкоски учествуваше на отворањето на НАТО самитот кој продолжува и во текот на денешниот ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img