Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ следната недела ќе соопшти дали ќе стави крај на својата играчка кариера, пишува Газета дело Спорт.
До крајот на италијанскиот шампионат останува само уште едно коло, а доколку освои барем бод на гостувањето кај Сасуоло, Милан ќе го освои долгоочекуваното Скудето.
Ибрахимовиќ го чека исходот од првенството за да донесе конечна одлука и да ја информира јавноста за тоа. Искусниот напаѓач, кој во октомври ќе наполни 41 година, договорот со Милан му истекува на крајот на сезоната, а како што стојат работите клубот нема да му понуди нов договор, но можно е соработката да продолжи во друга форма – да преземе некои водечки позиции во клубот.
Иако Златан со месеци игра под големи болки, поради што добива инекции пред секој натпревар, тој не е премногу ентузијастичен за идејата да се пензионира, иако лекарите го советуваат да го направи токму тоа. Размислува да замине на операција на коленото, по што би можел да игра уште една-две сезона, во друго првенство, пред се во американското, бидејќи веќе има богати понуди од неколку клубови од таму.
Сепак, што се однесува до здравјето, колку и да бил тврдоглав Ибрахимовиќ, не е исклучено следната недела да ги послуша лекарите и да ја заврши играчката кариера.
Ibrahimoviḱ naskoro ḱe soopšti dali ja završuva karierata