Иако влезе во петтата деценија од животот, Златан Ибрахимовиќ се уште не размислува да стави крај на кариерата, туку планира да игра и следната сезона.
За тоа време ужива и надвор од теренот, па реши да вози нов „ѕвер“. Стана сопственик на скап автомобил кој ги остава сите без здив.
Станува збор за модел на Ferrari Daytona SP3, кој искусниот голгетер веднаш го „украси“ со шведски регистарски таблички.
Само мал број луѓе можат да го добијат овој модел. Популарниот Ибра купи ексклузивно Ферари кое излезе на пазарот минатото лето и важи за еден од најспектакуларните модели на оваа компанија. Медиумите објавија дека Швеѓанецот морал да издвои 2,3 милиони евра за купувањето.
Станува збор за модел од многу ограничена серија, што е почит на некои претходни како оние со ознаките 330 P3 или 512.
Сепак, патот до ваков автомобил не е лесен и само „избраните“ имаат шанса да го купат. Така, како кандидат, Ибрахимовиќ мораше да докаже дека со години ги возел нивните модели, што го правеше и кога играше за Барселона, па лесно го исполни тој услов.