И со преполовени операциони сали, лекарите добро се снаоѓаат на Клиниката „Мајка Тереза“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, по посетата на Универзитетската клиника за очни болести.
Во контекст на проблемите на клиниката, министерот посочи дека сѐ уште не знае дали пријавената фирма ги исполнува условите, со што наведе дека нема да има нова компресорска станица до крајот на годинава.
– Се надевам дека ќе има нова станица на почетокот на идната година – изјави Таравари.
Министерот најави дека ќе се бара начин да се поправи и старата компресорска станица која може да служи како резерва на Клиниката.
Инаку, министерот Таравари присуствуваше на промоцијата на нов апарат во Универзитетската клиника за очни болести, офтамолошки микроскоп со кој ќе можат да се вршат повеќе од 200 операции годишно, според изјавата на министерот кој воедно говореше и за капацитетите на клиниката.