И последниот главен далекувод е надвор од употреба

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Последниот главен далновод во украинската нуклеарна централа Запорожје не е во функција, но електричната мрежа продолжува да се снабдува со резервниот далновод, соошти синоќа Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Украинскиот персонал на експертите за нуклеарното надзорно тело на ОН им соопштиле дека четвртиот далновод од 750 киловолти не е во функција, откако претходно останале и без преостантите три, соопшти МААЕ на својата веб-страница.

Експертите, исто така, дознале од украинскиот персонал во нуклеарката дека резервниот далновод, што ја поврзува централата со блиската термоцентрала, испорачува електрична енергија до енергетската мрежа. Резервниот далновод, по потреба, може да обезбеди и снабдување со електрична енергија за нуклеарната централа Запорожје, се наведува во соопштението на МААЕ.

Проруските власти во покраината соопштија дека главниот далновод бил оштетен од гранатирање, пренесоа руските медиуми. Поради тоа, околните области се останати без електрична енергија.

Руските сили уште од март ја контролираат најголемата нуклеарна централа во Европа, но со неа управува украински персонал. Постројката беше гранатирана, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за напади кои можат да предизвикаат нуклеарна катастрофа.

Интернационалниот 14-член експертски тим на Меѓународната агенција за атомска енергија во четвртокот го посети комплексот и изврши инспекција. Во него се останати шестмина експерти, а во наредните денови ќе заминат уште две лица, соопшти МААЕ.

Share This Article