И овие избори во Бугарија без јасен победник

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарските конзервативци и либералите, се чини, и овој пат ќе имаат изедначени резултати на вонредните парламентарни избори, што навестува нова загатка за формирање стабилна влада во земјата, забележува Франс прес.

Ова беа петти избори во Бугарија за две години, додава агенцијата.

Според различни излезни анкети, коалицијата предводена од поранешниот проевропски премиер Кирил Петков и конзервативната партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов имаат речиси еднаков резултат. Уште еднаш, излезноста на гласачите беше многу мала (38,49 проценти), додава агенцијата.

Агенцијата Франс прес оценува дека доколку по овие избори не се формира влада, повторно ќе има привремен кабинет назначен од претседателот Румен Радев, кој и самиот е жестоко против испраќање оружје во Украина.

Реформистичката коалиција предводена од поранешниот премиер Кирил Петков е веројатниот победник на изборите во Бугарија, според резултатите од излезната анкета, забележува Асошиетед прес.

Меѓутоа, агенцијата забележува дека може да поминат денови додека се објават конечните официјални резултати од гласањето. Доколку ги потврдат резултатите од излезната анкета, коалицијата на Петков ќе добие мандат за формирање влада, соопшти агенцијата, повикувајќи се на излезната анкета на Галуп.

Но, се чини дека таа ќе има тешка задача да најде сојузници за да формира владина коалиција во фрагментиран парламент. Според политичките аналитичари во Бугарија, не е исклучена можноста за други избори, но може да се постигне и остварлива коалиција.

Прозападниот реформски блок освои најмногу места на парламентарните избори во Бугарија, наведува Ројтерс, повикувајќи се на излезните анкети на Галуп и Тренд.

Ова беа петти избори во две години, бидејќи личната антипатија меѓу лидерите на двата главни политички блока го спречи формирањето на стабилна коалициска влада, додава агенцијата, мислејќи на коалицијата предводена од Кирил Петков и ГЕРБ на Бојко Борисов. Коалицијата предводена од Петков конкретно ги обвинува Борисов и неговата партија ГЕРБ за неконтролираната корупција во Бугарија за време на нивното 10-годишно владеење, кое заврши во април 2021 година. Борисов ги отфрла овие обвинувања.

- Advertisement -
Ad image

Ројтерс ги наведува останатите партии кои, според излезните анкети, ќе влезат во парламентот, вклучително и Препород, дефинирана од агенцијата како националистичка партија со симпатии за рускиот претседател Владимир Путин во војната во Украина. Позицијата на Препород како трета партија, според анкетата на Галуп, исто така ја става во потенцијална улога како партија со влијание врз одлуките што ќе се носат во новиот Парламент.

Share This Article