Рускиот претседател Владимир Путин му се јавил на аргентинскиот претседател Алберто Фернандез за да му ја честита победата на Аргентина на Светското првенство, изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Владимир Путин штотуку разговараше по телефон со претседателот на Аргентина Фернандез и срдечно му честиташе затоа што репрезентацијата на неговата земја го освои првото место на Светското првенство“, рече Песков, пренесува прорежимската новинска агенција ТАСС.
Аргентина го освои третиот трофеј на Светското првенство откако вчера ја совлада Франција.
По изведувањето на пенали, Аргентина победи со 4:2.