More

    И кралицата Камила ќе одмара од должностите

    spot_img

    Сопругата на британскиот крал Чарлс трети, Камила ќе оди на еднонеделен одмор поради премореност кралските должности по многу напорните четири недели во кои беше поактивна од вообичаено, откако беше објавено дека кралот боледува од рак.

    Кралицата  денеска ќе полета со приватен авион на одмор, а ќе најде време и за своето семејство во наредните недели.

    Седумдесет и шестгодишната кралица се појави на дури 13 настани откако беше објавена дијагнозата на кралот, но и продолжи со својата работа. Меѓу другото, таа ја посети лондонската куќа Гросвенор на Денот на вљубените и настан посветен на Вилијам Шекспир.

    Таа ќе се врати на 11 март кога се закажани прославите на Комонвелтот во Вестминстерската опатија, каде што ќе го претставува кралското семејство додека кралот ќе испрати видео порака.

    Кралицата остана последна од достапните членови на кралското семејство, а сега ќе ја нема некое време.

    Претходно кралот Чарлс, принцезата Кејт и принцот Вилијам заминаа на пауза од извршување на јавните обврски.

    Принцезата Кејт Мидлтон направи операција на абдоменот на 16 јануари и оттогаш не е видена во јавноста, а кралското семејство одлучи да не дава многу информации за нејзиното здравје. Беше најавено само дека Кејт ќе се врати на своите обврски по Велигден, а многумина беа загрижени дека ништо не се знае за неа и дека закрепнувањето ќе трае толку долго.

    Недолго после неа, во болница заврши и кралот Чарлс, на операција на простата. Тогаш му беше дијагностициран рак, а должноста ја сведе на минимум додека примаше терапија.

    Принцот Вилијам, исто така, ги сведе на минимум своите обврски по операцијата на неговата сопруга. Цело време е со неа, а на крајот на февруари се врати на своите обврски. Сепак, минатата недела тој откажа еден настан, што поттикна нови гласини за лошата здравствена состојба на неговата сопруга.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img