И до 141.000 евра достигнаа билетите за последниот натпревар на Шпанецот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Минатата недела, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, го најави своето пензионирање од активното играње. Надал најави дека следниот месец за последен пат ќе се појави на тенискиот терен и тоа во рамките од Дејвис купот.

Ова натпреварување ќе биде во период од 19 до 24 ноември, а сите влезници за сите средби веќе се распродадени. Јасно е дека Надал ќе биде на теренот на 19 ноември во репрезентативниот дрес на Шпанија против Холандија. Тоа може да биде и негов последен меч. Ако „Црвената фурија“ победи, ќе игра во полуфиналето кое ќе се игра на 22 ноември, додека финалето ќе биде на 24 истиот месец.

Бидејќи веќе нема билети во слободна продажба, тоа скапо парче хартија може да се најде на платформата за препродажба „Viagogo“. Најефтината влезница за најодалечените места се продава по 2.000 евра, а влезници за најскапите места се продаваат и по 141.000 евра.

Надал во неверојатната кариера освои дури 22 гренд слем титули, а само Новак Ѓоковиќ има повеќе од него (24). Дури 14 пати го освојуваше Ролан Гарос, четири титули има на САД опен и по две титули на Австралија опен и Вимблдон. Шпанецот има и олимписко злато од Игрите во Пекинг во 2008 година, како и 36 Мастерс титули.

Share This Article