Голема трагедија за македонската кошарка и спортот воопшто. Почина Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на поранешна Југославија и на независна Македонија.
На 85-годишна возраст Лазар Лечиќ го загуби животниот натпревар, но засекогаш ќе остане запаметен како симбол на кошарката на овие простори.
Тој беше еден од оние што ги поставија темелите на македонската кошарка од осамостојувањето.
Кариерата ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на оваа екипа која ја водеше на неколку пати. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1968, а работеше и во МЗТ, Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис.
Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула.
Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.
Погребот на Лечиќ ќе биде утре, 14. август, на гробиштата Бутел во Скопје. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.