More

    И до 1.000 евра месечно можат да заработат чистачите и чистачките на апартмани во Хрватска ова лето,  а професијата е меѓу 10-те најбарани

    spot_img

    И до 1.000 евра месечно можат да заработат чистачите и чистачките на апартмани во Хрватска ова лето,  а професијата е меѓу 10-те најбарани. Во Хрватска во моментов се бараат повеќе од 500 чистачки. Од Јутарни лист анализирале три огласи каде се наведени цените, иако, како што се вели во статијата, многу огласи не содржат никаква финансиска рамка.

    Во првиот оглас од групата „Њушкај Сплит“ на Фејсбук се нуделе до шест илјади куни за седум часа работа дневно, што е околу 750 евра. Но, многумина корисници во коментарите напишале дека тоа е работа на црно без осигурување, па и без ден одмор.

    Во еден оглас од местото Пореч се бара чистачка за време на викендите и се нудат 15 евра на час, но не е наведено дали се работи за бруто или нето плата и не е понудено сместување. Во друг област од Дубровник на чистачките им се нуди да заработат 800 евра за една недела во која ќе се работи 48 часа, а се вели дека се обезбедени и бесплатно сместување и оброци.

    Германската телевизија РТЛ во февруари објави дека во Дубровник веќе не се наоѓаат чистачки на станови за саатница од 15 евра и дека цената на час за таква работа може да се удвои следната сезона. Според РТЛ, во сезоната чистачките можат да заработат и до 1.500 евра.

    „Колку за споредба, еден оглас за чистачка во хотел во југоисточна Германија нуди плата од 1.800-1.900 евра за петдневна работна недела“, пишува Јутарни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img