И Џафери поднесе оставка – Се чувствувам гордо и исполнето

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Утрово Димитар Ковачевски, а попладнево и претседателот на Собранието Талат Џафери, поднесе оставка од функцијата. Џафери ќе остане во парламентот уште три дена како пратеник од ДУИ, а во недела, на 28 јануари треба да биде избран за премиер на техничката влада што треба да се формира сто дена пред одржување на парламентарните избори, информира собраниската прес-служба.

Оставката е поднесена согласно членот 115 од Деловникот за работа на Собранието, според кој, секој носител на јавна или друга функција што го избира или именува Собранието има право да поднесе оставка, а таа да биде констатирана на првата наредна собраниска седница, без претходен претрес.

– Само што ја поднесов оставката од позицијата претседател на Собранието. Со чувство на гордост и исполнетост зашто во двата мандати бев претседател на сите пратеници и граѓани, работев одговорно, професионално, независно и отчетно пред Вас. Така и ќе продолжам во следниот предизвик – изтакна собранискиот спикер.

Утре, на пленарна седница на Собранието предвидено е да се констатираат оставките и на Џафери и на Ковачевски, а актуелниот координатор на СДСМ, Јован Митрески, треба да биде избран за нов собраниски спикер. Со седницата утре, до изборот на Митрески, ќе претседава потпретседателот на Собранието, пратеникот Горан Мисовски.
Во текот на утрешниот ден новиот претседател на Парламентот ќе го извести претседателот Стево Пендаровски дека Талат Џафери е нов мандатар за формирање влада, а утре попладне шефот на државата ќе треба му го додели мандатот.

Share This Article