Утрово Димитар Ковачевски, а попладнево и претседателот на Собранието Талат Џафери, поднесе оставка од функцијата. Џафери ќе остане во парламентот уште три дена како пратеник од ДУИ, а во недела, на 28 јануари треба да биде избран за премиер на техничката влада што треба да се формира сто дена пред одржување на парламентарните избори, информира собраниската прес-служба.
Оставката е поднесена согласно членот 115 од Деловникот за работа на Собранието, според кој, секој носител на јавна или друга функција што го избира или именува Собранието има право да поднесе оставка, а таа да биде констатирана на првата наредна собраниска седница, без претходен претрес.
– Само што ја поднесов оставката од позицијата претседател на Собранието. Со чувство на гордост и исполнетост зашто во двата мандати бев претседател на сите пратеници и граѓани, работев одговорно, професионално, независно и отчетно пред Вас. Така и ќе продолжам во следниот предизвик – изтакна собранискиот спикер.