„Ја обвинија дека е обожавателка на ѓаволот, дека има геноцидна песна и дека пее за викендицата на Хитлер: Погледнете како се појави (на сцената)“.
Со ваков наслов хрватски „Јутарни лист“ известува за песната која е меѓу фаворитите да ја претставува Србија за Евровизија именувана „Орлово гнездо“ на пејачката Ана Игњатовиќ позната како Бресквица. Хрватските медиуми нашироко пишуваа за песната. Бресквица на српската телевизиај настапи со бел фустан со етно-мотив, со ангелски крилја на рамениците и со ореол.
„Да, јас сум бел ангел – вели Бресквица, која го предводи српскиот избор за Евровизија, и покрај оние кои ја критикуваат дека пеела „геноцидна“ песна со која се легитимира масакрот и етничкото чистење на Албанците на Косово. Тука се и тие на кои не им се допаѓа насловот на нејзината песна „Орлово гнездо“. Тие ја обвинуваат пејачката што ја пее за викендицата на Хитлер“, пишува Јутарњи.
Бресквица влезе во финалистите на српскиот избор за песна на Евровизија. Таа смета дека само нејзината песна и онаа на пејачката Теодора биле „српски“, додека песната со која се натпреварува познатата изведувачка Констракта не ја претставувала Србија.