Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вели дека турбофолк музиката му оди на нерви, но и дека тој не ја поддржува културата на забранување работи. Па така, Милановиќ е против забраната која ја најави градоначалникот на Пула за концертот на кој, меѓу другото, на 25 март годинава требаше да настапат Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба.
– Не ја сакам таа музика, никогаш не можев да ја поднесам. Ми оди на нерви, ме болат коските. Јас не би ја бранел. Одлуката на градоначалникот на Пула е да не го дозволи концертот бидејќи таму ќе има жени – рече Милановиќ.
Тој сепак признава дека половина од партијата ХДЗ ја слуша оваа музика.
– Не би ги забранил повеќето работи. Не ми се допаѓа таа култура за забрана. Би им дозволил да имаат концерт. Имаат тие публика, па половина од (партијата) ХДЗ тоа го слуша – рече Милановиќ.