Хрватската пејачка Северина Вучковиќ се огласи на Инстаграм откако судот ѝ го врати синот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ се огласи на Инстаграм откако судот ѝ го врати синот.

„Јас сум како вас. Животот ме научи дека љубовта со љубов се враќа. Така беше во изминативе четири недели. Затоа им се заблагодарувам на сите за љубовта и поддршката. Ми дадовте сила која ја насочив кон моето дете. Секој што почувствувал тага, знае како изгледа животот со тага. За жал, јас сум една од тие луѓе и затоа ве разбирам сите. Единствената помош што можеме да си ја пружиме е поддршката! На секој човек на кој му е направена неправда, на кој се гледа различно, кој нема заштита. Јавно, сега и веднаш. За да бидеме добро општество, добра земја – сите граѓани мора да бидат еднакви, еднакви пред законот, но пред се еднакви во срцето. Утре излегува кампања на која сум исклучително горда и што ја снимив пред две недели, кога навистина ми беше тешко. Но, знаев дека морам. Тоа е кампања посветена на луѓе кои не се гледаат како „нормални“, на „болните во општеството“, кои тешко се прифатени од околината и се исти како нас. А единствените „болни во нашето општество“ се оние кои јавно ги осудуваат „различните“, на кои би им ги одзеле правата, еднаквоста…“, напиша Северина на Инстаграм.

 

 

Северина и Милан го делат старателството над синот

За потсетување, Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ повторно го делат старателството над синот. Северина изјави дека не очекувала судот толку брзо да донесе нова одлука.

„Не очекував дека Жупанискиот суд во Сплит толку брзо ќе донесе нова одлука, бидејќи досега во мојот случај, односно на моето дете, сè беше бавно, полно со неправда и корупција. Сплитскиот суд повторно донесе пресуда како во 2021 година, која е пола-пола. Добро е што се вратија на тоа, сè е подобро од два пати неделно по четири часа, но нема да застанам тука. Ќе одам до крај, ќе барам независно старателство и секако ќе продолжам да се борам за сите жени, односно нивните деца со кои системот се плетка, жртви на системот и институциите, „моќни и немоќни жени“, изјави Северина по новата пресуда.

Share This Article