Хрватската пејачка Северина објави нова фотографија на својот Инстаграм, а посебно внимание привлекоа необичните чевли кои ги носеше.
Севе позирала во необична комбинација на спортска јакна и фустан со светки, а стајлингот го зачинила со „бушави“ чевли.
Чевлите се на брендот „Марни“, кои чинат 990 евра, а Северина очигледно многу ги сака, бидејќи неколкупати ги носеше во јавност и покрај тоа што секој пат предизвикува лавина негативни коментари.
„Дали ги позајми од мајка ти?“, „Како да се чевли на Мини Маус“, „Изгледаш смешно“, ѝ пишуваат во коментарите под фотографијата.
Потпетиците привлекоа внимание и на крајот на минатата година, кога Севе ги искомбинира со црн фустан и темни чорапи.