Хрватската пејачка Јелена Розга ужива огромна популарност во целиот регион, а се чини дека е особено популарна во Србија, каде секој концерт што ќе го закаже е распродаден

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хрватската пејачка Јелена Розга ужива огромна популарност во целиот регион, а се чини дека е особено популарна во Србија, каде секој концерт што ќе го закаже е распродаден. Таа во неодамнешното интервју за „Ин Магазин“ се осврна на своето момче, чие име сè уште не го открива.

Ја прашале како нејзиниот сакан се справува со разделеноста поради големиот број настапи и концерти. Сплитската пејачка (47) одговорила: „Сè е многу полесно со оглед на тоа што ја работиме истата работа“, изјавила таа.

Таа открила и дека нејзиното семејство многу го сака.

– Тој има сè најубаво. Сè на него ми е најубаво. Мајка ми го обожава, а исто така и татко ми, стариот Розга – додала Јелена која многумина ја сметаат за една од најубавите пејачки.

На крајот на јули Јелена ги откри новостите од својот љубовен живот.

– Повеќе не сум соло играч – кратко изјави таа за „Блиц“, но не откри за кого станува збор. Потоа за „Ин Магазин“ откри како ја освоило нејзиното ново момче.

„Тој е сличен на Јелена Розга, неоптоварено, нормално, добро момче“, рекла таа и додала дека родителите не ја прашуваат кога ќе се омажи.

„На моите родители им е важно само да сум среќна, а кога ќе влезам во станот на моите родители, првото нешто што ќе погледне мајка ми е насмевката на лицето.

„Мене ми е важно ти да си среќна Јелена“. Јас велем: „Јас сум среќна, мамо, и, му благодарам на Господ, здрава“, рекла Јелена, која претходно беше во долга врска со хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article