Хрватската пејачка Северина Вучковиќ со децении е на јавната сцена, но многумина не знаеја дека и таа одлично имитира. Својот скриен талент Севе го покажа во емисијата „Суперѕвзеда“, а нејзината „трансформација“ во Лепа Брена ја насмеа публиката.
Северина моментално е член на жирито на натпреварот „Суперѕвезда“, а еден учесник изразил желба да го имитира Здравко Мамиќ. Тоа ја воодушевило Северина, па се обидела и таа да ја покаже својата вештина. Прво се трансформира во Јосипа Лисац.
– Јосипа би ве замолила да кажете нешто за Здравко Мамиќ, би била пресреќна – рече Вучковиќ имитирајќи го Јосип.
Ова му се допаднало на Тончи Хуљиќ и побара од Северина да ја имитира Лепа Брена, а таа го прифаќа предизвикот.
-Почнав како рокенрол пејачка и потоа се случи мојот менаџер да дојде и да ми рече: „Брено, треба да пееш за народот. Така станав и бизнисменка и пејачка. Што си ти“ – вели Северина трансформирана во Лепа Брена.