Хрватската јавност згрозена од случај на содомија во Меѓумурје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Волонтерите од една организација за заштита на животните во Хрватска мислеа дека во својата волонтерска и професионална работа виделе сè и сешто, и дека ништо веќе не може да ги изненади. Но, она што го виделе во една ромска населба во Меѓумурје, ги оставило без зборови.

Имено, неколку малолетни деца злоставувале една мачка, неколку деца ја држеле, едно од нив сексуално општело со неа, друго снимало, а останатите гледале и се смееле.

– Видеото потоа беше објавено, децата на училиште го гледаа, па тоа стигна до учителката, а потоа и до нас – раскажува за „Вечерњи лист“ Александра Хампамер, од здружението Пријатели на животните и природата.

Видеото е зачувано како доказ, а злоупотребата на животното е пријавена во полиција и во Центарот за социјани работи.

– Се се случи додека возрасните седеа пред телевизор и гледаа фудбал. Полицијата истиот ден по пријавата била во селото. Велат дека малолетникот кој сексуално ја нападнал мачката е приведен, а по другиот се трага. Не знаеме што се случило со мачката, но децата кои гледале сè, на училиште рекле дека насилниците на крајот ја убиле мачката. Прашањето е колку време траело сето тоа, колку време и колку обиди биле потребни за да се сними. Дознаваме и дека еден од главните актери на оваа злоупотреба веќе е под надзор на Центарот за социјални работи – објаснува Барбара Јагец, претседателка на Здружението „Засолниште на добрината“ и ветеринарка кој работи во амбуланта каде што злоставуваните животни се секојдневни пациенти.

Полициската управа „Меѓимурје“ информирала дека во општинското правобранителство е пристигнат допис за злоупотреба на мачиња во населба и истиот ден во вечерните часови е лишен од слобода помлад малолетник поради сомнение дека сторил кривично дело „Убивање или мачење животни“ од член 205 ст.1 од Кривичниот законик.

Жупаниското државно правобранителство во Вараждин, како и тамошниот Центарот за социјални работи не одговориле на прашањата на весникот, поради пропишаната тајност на постапката и возраста на учесниците.

Share This Article