Хрватската фудбалска репрезентација, која се пласира во полуфиналето на Мундијалот во Катар, има огромна поддршка не само од навивачите, туку и од – навивачките.
Можеби и поинспиративна е поддршката токму од навивачките, меѓу кои најпозната е Ивана Кнол. Таа се прославија уште за време на Светското првенство во Русија во 2018 година. Во моментов е во САД, но не им откажува љубов на Хрватите. Напротив. Освен тоа, оваа девојка има и своја линија на костими за капење, на која главен мотив е, погодувате, шаховницата.
Но, ако се суди по една објава на Инстаграм, Ивана добива жестока конкуренција од познатата Нивес Целзиус. За Нивес нема потреба ништо посебно да се каже. Позната е и во кабинетот на Стево Пендаровски.
И еве… Прво Нивес, па потоа Ивана. Уживајте.