Хрватска повлече од продажба сендвич со шунка од словенечко потекло. Станува збор за сендвичот Z’ dežele со шунка од 500 грама со рок на употреба 31.05.2024 година, поради утврдена бактерија Listeria monocytogenes, соопшти хрватскиот државен инспекторат.
Како што е соопштено, шунката е од словенечкиот производител Celjske mesnine d.o.o., лот број 1413100, а веледрогеријата е METRO Cash & Carri d.o.o.
Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) од 15 ноември 2005 година за микробиолошки критериуми за храна, а известувањето се однесува исклучиво на наведениот производ, стои во соопштението.
Станува збор за бактерија која може да се размножува при прилично ниски температури на складирање (+4°C), а поради силната отпорност и високата концентрација на натриум хлорид, листеријата може да преживее различни процеси кои се користат во преработката на храната.
Контаминираната храна е главниот пат на пренесување на оваа бактерија од околината на луѓето.