More

    Хрватска погодена од силно невреме

    spot_img

    По најавениот топлотен бран, Хрватска утрово ја зафати и силно невреме со пороен дожд и силен ветар кој предизвика голем хаос посебно во Загреб. Хрватските медиуми информираат дека во силното невреме, во повеќе делови од градот има откорнати и искршени дрвја, оштетени кровови и дека на неколку трамвајски линии сообраќајот е во прекин.

    Јавната противпожарна станица на Град Загреб била повикана на околу 15 интервенции за отстранување на паднатите дрвја и гранки.

    фото: принтскрин

    Силниот ветер утрово корнеше дрвја и кршеше гранки и во Карловац, а за кратко време, за само неколку минути, направени се големи штети.

    Невремето ги изненадило и метереолозите, пренесуваат храватските медиуми.

    – Невремето не изненади дури и нас метереолозите. Се создаде изненадно преку ноќ и од Словенија стигна во Хрватска. Но, за среќа слабее. Добро е што облачноста и дождот донесоа малку пониска температура, па полесно ќе се дише. Топлотниот бран денеска е на врвот – изјави  за ХРТ метереологот Томислав Козариќ од Државниот хидрометеоролошки завод.

    Според прогнозата од хрватскиот Хидрометереолошки завод, се очекува невремето брзо да помине, по што ќе следува развредрување и повторно високи дневни темепратури кои ќе достигнат до 37 Целзиусови степени.

    На хрватското приморје за наредните денови е најавен силен топлотен бран. По врвот на жештините во среда, екстремните горештини на јадранското крајбрежје ќе продолжат и во четврток, додека нешто полесно ќе биде на копно. За четврток црвено предупредување е на сила во сплитскиот регион, кој е единствениот регион каде што врвот на топлотниот бран всушност ќе биде во четврток, предупредуваат метереолозите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img