Хрватска и Албанија одиграа нерешено на ЕУРО 2024

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во натпревар со резултатски пресврти и четири голови, репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2-2 попладнево во Хамбург, во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024.

Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога Хрватска постигна два гола за две минути и направи целосен пресврт.

Најпрво Крамариќ го израмни резултатот во 74 минута, а Хрватите дојдоа и до водство со автоголот на Џасула во 76 минута.

Сепак, истиот играч беше прецизен и на спротивната страна и во петтата минута од судиското продолжение ѝ донесе голем бод на Албанија во дуелот против фаворитот Хрватска. Со поделбата на бодовите, и Хрватска и Албанија се далеку од пласман во втората фаза.

Ова е второ разочарување за Хрватска на Европското првенство во Германија, откако на стартот „коцкестите“ беа убедливо поразени до Шпанија (3-0).

Претходно, албанските и хрватските навивачи на ЕУРО 2024 се „збратимија“ и заедно навиваа против репрезентацијата на Србија. На инстаграм се појави видео од заедничкиот настап на Хрватите и Албанците во Германија.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Албанските навивачи на денешниот дуел против Хрватска во Хамбург  на трибините истакнаа знаме со порака „Косово е Албанија“ кое по реакција на организаторите мораа да го отстранат, пренесува агенцијата БТА.

Дуелот одигран вечерва во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024 го одбележа и инцидент во второто полувреме во кое од трибините можеше да се слушне скандирање „Убиј го Србинот“ од навивачите на двете репрезентации.

По првиот натпревар на албанската репрезентација против Италија, УЕФА соопшти дека ќе ја казни Фудбалската федерација на Албанија поради непримерно однесување на албанските навивачи, кои на натпреварот користеа пиротехнички средства, а на трибините истакнаа и пароли политички пораки.

- Advertisement -
Ad image

фото: МИА

Share This Article