Хрватска е нов европски првак во ватерполо откако победи во финалето против Унгарија со 10 наспрема 9 во Сплит. Ова е голем потег на хрватските ватерполисти постигнат по 12 години.
Вистинска драма имаше во завршницата од мечот откако Мариниќ Крагиќ во самата завршница од петерец донесе водство за 9 наспрема 8, а потоа Унгарија промаши петерец и во контра Хрватска доби шанса од пенал да го заврши мечот, кој го реализираше повторно Мариниќ Крагиќ за 10 наспрема 8 на минута ипол до крајот.
Хрватите и во следниот напад на Унгарија се одбранија, а противникот на 32 секунди намали на 10 наспрема 9.