Владата на Република Северна Македонија на 30 јануари годинава донела решение со кое го именува м-р Христа Најданов за вршител на должноста директор на Државниот архив на Република Северна Македонија.
М-р Христа Најданов е роден на 1967 година во Скопје, каде и дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Постдипломски студии за комуникација и менаџмент на културни политики завршил на Универзитетот „Лумса“ во Рим, Италија, а во меѓувреме положил и правосуден испит.
Работел како стажант во Апелациониот суд во Скопје, а подоцна и во приватна адвокатска канцеларија. Од 2009 до 2017 година бил претседател на Одборот на директори во „Еурокомпозит“ АД Прилеп. Член е на Управниот одбор на Државна лотарија од ноември 2018 до јануари 2024 година.
Од 2017 до ноември 2021 година бил советник во Советот на град Скопје од редовите на партијата Демократска обнова на Македонија.
Заменик директор во Државниот архив е проф д-р Музафер Бислими, дипломиран историчар на Филозофскиот Факултет во Скопје. Докторирал во 2005 година со докторската теза „Албанците и младотурската Револуција во 1908 година”. Од 2005-2009 ја извршуваше функцијата градоначалник на општина Арачиново.