More

    Храна која е забранета да се загрева во микробранова печка

    spot_img

    Иако изгледа како најбрзата и најлесната опција кога сте навистина гладни, повторното загревање на храната во микробранова печка не е секогаш најдобрата идеја, особено кога станува збор за овие намирници.

    Како што објави The Healthy, со загревање на варените јајца се создава голема количина на пареа во нив која нема каде да избега, па лесно може да дојде до експлозија кога ќе ги извадите од микробранова печка.

    Најдобро би било да не ги загревате, но ако навистина треба, прво излупете ги и исечете ги на помали парчиња. Истото важи и за овошјето како јаболка, грозје, праски итн. Тие не испуштаат вишок влага додека се готви, поради што може да експлодираат. Пред да ги загреете, исечете ги на парчиња или направете мали дупки со чепкалка за заби.

    Месните производи содржат многу конзерванси за да го направат рокот на траење што е можно подолго, а кога ќе ги загреете, овие конзерванси стануваат уште поштетни за телото и можат да предизвикаат оксидација на холестеролот, вели една студија, цитирана од Вечерњи.

    Британската агенција за храна FSA вели дека повторното загревање на оризот во микробранова печка може да доведе дури и до труење со храна, бидејќи суровиот ориз содржи бактерии кои можат да преживеат при брзо готвење во микробранова печка. Откако ќе го извадите и оставите да се излади на собна температура, бактериите се размножуваат.

    Лиснат зеленчук како спанаќот исто така треба да се чува подалеку од микробранова печка, бидејќи содржи висока концентрација на нитрати, а иако се безопасни сами по себе, со загревање се трансформираат во штетни материи кои имаат канцерогено дејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img