Британските медиуми на големо пишуваат за нападот на 25-годишниот Шкотланѓанец Левис Томсон, кој во петокот околу три часот по полноќ беше брутално претепан во Бачвици, сплит, пишува порталот далматинец.
Медиумите јавуваат дека Томсон и четворица пријатели биле дивјачки нападнати на плажа од група од дваесетина мажи.
Следувала потера во која Томсон се разделил од своите пријатели. Напаѓачите стигнале до него и брутално го претепале удирајќи го со цигла по лицето. Беше фрлен во несвест во морето.
Томсон беше префрлен во КБЦ Сплит. Скршени му се две ребра, има повреди на лицето, како и контузија на белите дробови. Во болница ќе остане две до три недели. Неговите родители пристигнале во Сплит за да бидат со него.
Полицијата го пријавила настанот пред неколку дена. Како што дознава далматинскиот портал, истрагата е во тек и се трага по напаѓачите.