Страшен инцидент ја вознемири грчката јавност откако е откриено дека возач на автобус од компанија, Албанец по потекло, нападнач и силувал девојка кој со тој автобус одела на работа. Инцидентот се случил во грчкиот град Аспропиргос. Девојката која е хоспитализирана поради обилно крварење веднаш по пристигнувањето во болница го пријавила силувањето во полиција.
По пријавата, полицајците веднаш го пронашле осомничениот маж и го привеле на распит.
Како што пренесуваат грчките медиуми, девојката во раните утрински часови секој ден го чекала автобусот на компанијата со кој патувала на работа. Возачот и рекол дека автобусот е полн и дека не носи повеќе патници.
Тој понудил да ги однесе работниците на работа и да се врати да ја земе. Кога биле сами, ја искористил приликата, ја нападнал и ја силувал.
Немилиот настан се случил во комбе, во кое возачот ја ставил девојката, а потоа ја однел до напуштената локација. По ужасниот чин и рекол на девојката да се смири и ја однел на работа.
Девојката која била во шок, едвај се смирила и отишла во болница каде го пријавила силувачот и добила итна медицинска помош поради обилно крварење.
Инцидентот се случил во раните утрински часови минатиот понеделник.