Повеќе од 100 квадратни километри површина изгореа на грчкиот остров Родос во шумските пожари со кои државата се бори веќе шести ден по ред.
Освен евакуацијата на 19.000 луѓе, а дел од нив беа приморани и да ги напуштат домовите, страотниот пожар уништи куќи, штали, млада шума, но и живеалишта на диви животни.
Уништувањето го покажа сателитската снимка на вселенската програма на ЕУ, Коперникус, на која се гледа уништената површина, но секојдневните видеа на социјалните мрежи се уште еден сведок за ужасот за угинатите животни кои лежат изгорени покрај патот.
Угинати се елените од видот Дама-Дама кој е заштитен вид и живее во чемпресова и борова шума.
Овој пожар на Родос е опишан како најголемата катастрофа што го погодила островот по Втората светска војна.
Причината за пожарите сѐ уште не е позната, но неофицијално грчките медиуми јавуваат дека е можно да станува збор за човечки фактор. Истрагата е во тек, и ќе се повикуваат луѓе на распит.