Холивудскиот актер Кијану Ривс минатата година доживеа драма кога провалници упаднаа во неговиот дом во Лос Анџелес.
Во таа прилика на актерот му биле украдени неколку вредни предмети, меѓу кои и часовник „Ролекс“ чија вредност се проценува на околу 9.000 долари.
Како што пишува „Си-ен-ен“, полицијата пронашла три часовници во Чиле, а се верува дека еден од нив му припаѓа на Ривс.
Како што се наведува, часовникот од марката „Rolex Submariner“ на чија позадина е изгравирано „2021, JV4, Thank You, John Wick Five“, наводно, бил пронајден оваа сабота во источниот дел на Сантијаго за време на полициска операција поврзана со серија локални грабежи.
Покрај часовникот, пронајден е и накит, а при рацијата е уапсен и 21-годишно момче. Чилеанската полиција соработува со полицијата во САД за да се реши случајот што е можно поскоро.