Холивудскиот актер Џуд Ло го доби седмото дете со четвртата сопруга

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудскиот актер Џуд Ло го доби седмото дете со четвртата сопруга.

Џуд и неговата сопруга Филипа Коен беа фотографирани со бебето во количка додека минуваа низ аеродромот „Хитроу“ во Лондон.

 

Во друштво биле уште една жена и нивното дете, кое се роди во септември 2020 година, а фотографиите ги објави „Сан“.

Лоу е многу таинствен за неговиот приватен живот. Тој откри дека го добил своето шесто дете во текот на пандемијата за време на гостувањето во шоуто на Џими Фалон.

Кога водителот го праша како го поминува времето за време на пандемијата, актерот одговори: „Јас се занимавав со градинарство. О, и покрај тоа, имам бебе. Повели.“

Тогаш рече и дека нема да се спротивстави доколку неговото семејство дополнително се прошири. „Идејата да имам повеќе деца ми изгледа прекрасна. Навистина сум среќен што сум со некој со кој се забавувам повеќе од кога било. Имаме неверојатно стабилно и здраво, убаво семејство, а тука се и моите деца кои се веќе млади луѓе… А овие помладите се вистински извор на радост и среќа“, рече тој.

Share This Article