Холивудскиот актер Бен Афлек очигледно е многу дарежлив кога се работи за бакшиш.
По ручекот во ресторанот „Шатерс“ во Санта Моника покажа дека не штеди и дека не е скржав.
Откако ручал со ќерката Серафина (14) и ќерката на Џенифер Лопез, Ема (15), познатиот актер додека го земал автомобилот на паркингот, му тутнал пари во раката на возачот. Му дал бакшиш од 100 долари, пишува „Дејли мејл“.
Човекот, кој паркира возила сигурно се развеселил кога видел колку бакшиш му дал Бен.
Странските медиуми пишуваат дека Бен во повеќе наврати им давал големи бакшиши на вработените во рестораните.
Серафина, која ја доби во бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, и ќерката на неговата втора сопруга Џенифер Лопез, од бракот со Марк Ентони, изгледа уживале со Афлек на вечерата.