Холивудскиот актер, режисер и продуцент Клинт Иствуд, на 93-годишна возраст се враќа зад камерата како режисер, снимајќи го филмот „Поротник 2“ (Juror 2).
Филмот се снима во американската држава Џорџија, а во него ќе глумат британскиот актер Николас Холт и австралиската актерка Тони Колет, пренесува „Пипл“. Во филмот ќе се појават и Кифер Сатерленд и Зои Дојч.
Новиот проект на легендарниот актер и режисер е правен трилер чиј заговор следи поротник во судење за убиство кој сфаќа дека можеби ја предизвикал смртта на жртвата и мора да се соочи со дилемата дали треба да ја манипулира поротата за да се спаси или да ја открие вистината и да се предаде.
Тоа ќе биде првиот филм на повеќекратниот оскаровец по „Cry Macho“ од 2021 година.
ФОТО: Инстаграм