Холанѓаните зборуваа дека „ќе ја ослабнеме целата Унија“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холандската влада сега ги поддржува кандидатурите на Албанија и на Македонија за влез во ЕУ, иако во 2019 година го блокираше почетокот на преговорите заедно со Франција и Данска со двете балкански земји. Година претходно, во 2018, холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Албанија и Македонија „ќе ја ослабнат целата Унија“. Но, сега е обратно, Руте и неговата Влада се „за“ преговори, објави холандската ТВ Телеграф.

Руте сега бара поддршка од цела ЕУ. Тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во мај рече дека сите во ЕУ сѐобидуваат да направат се што е можно Западен Балкан да остане стабилен и да се најде решение за проблемите во регионот, особено во Северна Македонија и Бугарија.

Хаг во меѓувреме го промени својот став и покрај значителниот пад на слободата на медиумите во Албанија и фактот дека корупцијата, особено на високо ниво, останува важно прашање, пишува EURACTIV.

Почетокот на преговорите со Скопје го блокира ветото на Бугарија за спорот за јазикот и историјата, додека напредокот на Тирана на патот кон ЕУ е поврзан со напредокот на Македонија. Во мај, Европскиот парламент побара од Европскиот совет Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, посочувајќи на „геостратешкиот контекст на односите со Русија и руската агресија против Украина“.

Share This Article