More

    Холандскиот премиер им оддаде почит на жртвите на геноцидот: „Почивај во мир“

    spot_img

    Холандскиот премиер Марк Руте, придружуван од амбасадорот Хенк ван ден Дол, го посети Меморијалниот центар во Сребреница и им оддаде почит на жртвите на геноцидот погребани во Поточари.

    Руте, како што е наведено во објавата на МЦ Сребреница на социјалната мрежа Х, „положи цвеќе и им оддаде почит на жртвите на геноцидот“, а исто така се сретна и со претставници на Меморијалниот центар во Сребреница.

    Во Книгата на жалост влезе и холандскиот премиер…

    „Во спомен на сите жртви на геноцидот, денеска стоиме со преживеаните. Никогаш нема да заборавиме што се случи“, се вели на англиски јазик, додека Руте ја завршил пораката на босански: „Почивај во мир“.

    Инаку, холандскиот премиер во понеделник допатува во Босна и Херцеговина каде ќе оствари серија средби со претставници на локалните власти.

    Руте во БиХ ќе престојува два дена, а покрај него во Сараево ќе допатуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, Делегацијата на објави Европската унија во Босна и Херцеговина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img