More

    Холандскиот фудбалер мора да оди во затвор: Пијан уби 4-годишно момче

    spot_img

    Раи Влоет, холандскиот фудбалер кој пијан уби 4-годишно момче е осуден на 2,5 години затвор.

    Со оглед на тоа што моментално игра за руски Урал, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, но неговиот адвокат тврди дека нема да побегне од издржување затворска казна. Ова не го убедило семејството на загинатото момче кое се плаши дека Влоет ќе остане во Русија и на тој начин ќе се обиде да избегне затворска казна.

    За потсетување, тој во ноември 2021 година предизвика тешка сообраќајна несреќа на автопат, со голема брзина удри во автомобил на четиричлено семејство и го усмрти момчето, кое им подлегна на тешките повреди во болница, пишува АД.

    По сообраќајната незгода со преглед е утврдено дека Влоет испил двојно повеќе од законски дозволеното количество алкохол. Покрај тоа, тој не сакал веднаш да признае во полиција дека бил зад воланот на возилото.

    Но, се уште не се знае кога Влоет ќе ја одлежи затворската казна, тој не беше во притвор и моментално е во Русија, а во следните неколку месеци може да очекува да биде повикан на издржување на затворската казна. Се разбира, под услов да не ја обжали оваа судска одлука …

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img