More

    Хоџа најави дека неговата партија ќе делува конструктивно во Собранието

    spot_img

    Убедени сме дека од овој политички моментум ова ќе биде една авангарда, односно ќе биде најпозитивната политичка сила која што ќе придонесе во иднината на државата и долгорочноста на процесите што не очекуваат пред нас, а особено за интегрирање на земјата во ЕУ, порача неодамнешниот заменик-претседател на Беса, Арјанит Хоџа пред почетокот на основачкото собрание на Европската демократска партија.

    На основачкото собрание на новата политичка партија, кое се одржа во Скопје, Хоџа истакна дека новата партија ќе делува во Собранието, конструктивно.

    – Во политичката сцена отвораме нова страница, страница која ќе придонесе за демократизацијата и имплементирањето на европските вредности во политичката сцена – оцени Хоџа.

    Тој рече дека првиот чекор на партијата ќе бидат уставните измени.

    – Пред нас првиот чекор односно првата битка е уставните измени. Значи без да има епилог во делот на уставните измени, ние не можеме да кажеме како ќе се одвива политичката сцена. Нормално очекуваме да поминат уставните измени, бидејќи тоа е отворање на вратата за влегување во ЕУ. Доколку не поминуваат, тогаш државата влегува во едно сценарио каде што навистина европската перспектива има потреба од политички сили што треба да се соединат и да не оставаме државата да остане во рацете на политичари што сакаат да ја изолираат – изјави тој.

    Коментирајќи ја вчерашната посета на Курти тој истакна дека државава треба да се дистанцира од Србија поради руското влијание во регионот.

    – Македонија треба што подалеку да стои од Србија, односно од руското влијание во регионот. Така што, индиректно е дадена порака и во самата опозиција и луѓето што го пречекаа Курти таму дека треба да бидат внимателни да не работат под диктат на политички структури што индиректно или директно работат за Русија, односно за изолирање на државата и за попречување на патот на државата кон ЕУ – изјави Хоџа.

    Тој информира дека засега ќе дејствуваат самостојно без да се приклучат на страната на власта или опозицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img