Новопечената брачна двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез неодамна се појавија на премиерната забава за нејзиниот нов филм„ Shotgun Weeding“, а видеото на кое тој ѝ се правда на сопругата дека ништо не пиел стана хит на социјалната мрежа ТикТок и собра пет милиони прегледи.
Корисниците на оваа социјална мрежа почнале да се потсмеваат, а на профилот на ТикТок @life_with_matt се појави видео од моментот во кој Афлек прави гестикулација со рака, покажувајќи дека ништо не испил, додека Лопез го гледа со строг поглед.
„Џен, ништо не пиев, ОК?“, се пошегувал тиктокерот, а видеото им се допаднало на повеќе од 180 илјади луѓе.
„Смешно е затоа што можете да видите дека навистина ги движи усните“, „Можеби Џен пие од неговата чаша да види дали има алкохол во пијалокот“, „По ѓаволите, Бен изгледа навистина исплашено“, се дел од коментарите на тиктокерџиите.
Да потсетиме, Бен Афлек е лекуван алкохоличар, а кога го допре дното, неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер го однела на рехабилитација. Уште минатото лето се шпекулираше дека тогаш новопеченaта двојка е во неволја поради неговата зависност, но шпекулациите не беа потврдени.