More

    Херојски подвиг на млад Грк

    spot_img

    Дваесетгодишниот студент Андреас Аликаниотис се истакнал по своите херојски постапки за време на страотната железничка несреќа во близина на Лариса, Грција, во која загинаа најмалку 43 патници.

    Аликаниотис бил речиси неповреден во вториот вагон и пркосејќи на опасноста и на огромниот оган што горел покрај него, успеал сам да го скрши стаклото и да извлече од вагонот најмалку десет млади луѓе, млади мажи и жени – јави Прототема.

    „Иако небото денеска беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме земски ангел, дваесетгодишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон. Тој е херој затоа што ризикувајќи го својот живот, со огромен оган покрај него, не го напушти вагонот туку сам успеа да го скрши стаклото и да спаси уште најмалку десет деца, момчиња и девојчиња. Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал! Честитки за мојот убав Андреас, честитки за родителите кои те воспитале!“ – се наведува во објавата на Лекарското друштво од Лариса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img