Херојот на Украина сепак бил државјанин на Молдавија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Војникот кој со цигара во устата само ладно изусти „Слава Украина“ пред да биде застрелан од руските сили во Бахмут, не бил Украинецот за кој се мислеше дека е. Херојот на Украина сепак бил државјанин на Молдавија, потврдија молдавските власти. Но, ова не го пречи украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата да му оддаде почит и титула на војникот.

– Човек што ќе го знаат сите Украинци. Човек кој ќе остане засекогаш запаметен. За неговата храброст, за неговата доверба во Украина и за неговата „Слава на Украина – изјави Зеленски.

Името на 42-годишниот снајперист е Олаксандр Мациевски, а не Тимофеј Шаудра Миколајевиќ како што претходно се пишуваше во западните медиуми. Збрката настана кога сестрата на Миколајевиќ се јави на социјалните мрежи велејќи дека тоа е нејзиниот брат и според ликот и според цврстиот карактер.

Сепак, молдавските власти идентификувале молдавски државјанин.

„По потврдата од украинска страна дека украинскиот војник е егзекутиран од страна на руската армија, Олександар Мациевски, Министерството за надворешни и европски работи најостро го осудува убиството на државјанин на Молдавија, дело што може да се окарактеризира како воено злосторство и јасно прекршување на меѓународното хуманитарно право“, соопшти МНР-то на Молдавија и се додава:

„Го повторуваме цврстиот став на Република Молдавија, која ја осудува бруталната војна на Руската Федерација против Украина.  Нашата земја останува посветена на поддршката на Украина во нејзините напори за враќање на мирот и стабилноста во регионот“.

Share This Article