Двајца пилоти загинаа во четвртокот во Австралија откако двата хеликоптери Робинсон Р22 со кои летаа се судрија во воздух, соопшти полицијата.
Несреќата се случила околу 6:20 часот во близина на станицата Маунт Андерсон во Камбалин, Западна Австралија, на околу 120 километри јужно од Дерби.
Полицијата соопшти дека двата хеликоптери се судриле веднаш по полетувањето.
Во хеликоптерите имало само пилоти, кои од здобиените повреди во несреќата загинале, соопшти полицијата.