Хејли Бибер преку ноќ останала без милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм и станала „злоставувачка“ по прозивките на сметка на пејачката и актерка Селена Гомез

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хејли Бибер преку ноќ останала без милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм и станала „злоставувачка“ по прозивките на сметка на пејачката и актерка Селена Гомез.

Дека на Инстаграм не се одвиваат драми само на домашен терен, доказ се Кајли Џенер и Хејли Бибер кои ја навредувале Селена Гомез и кои преку ноќ станале најомразените личности, а за работата да биде уште полоша останаa и без милиони следбеници на Инстаграм.

Во коментарите ги нарекуваат со погрдни имиња, од злоставувачки до злобни девојки, а Селена Гомез од друга страна, станува сè попопуларна – за само неколку денови доби нови 10 милини следбеници, па сега таа бројка е импресивни 392 милиони следбеници!

По овој повод, Хејли Бибер, која е сопруга на пејачот Џастин Бибер, не се огласила, но ја прозиваат и ѝ ја даваат „титулата“ најомразена личност на интернет. Така Хејли од слатка, мирна и повлечена девојка сега стана озлогласена и собра еден куп непријатели. Меѓу другото, неодамна исплива снимка во која Хејли се погрдна гримаса ја исмејува Тејлор Свифт.

 


„Да не беше Џастин, никој немаше да знае за тебе“, „Која си ти?“, „Полна си со омраза“, „Падна под 50 милиони следбеници“, „Со тебе е готово“, „Не можев да верувам дека си толку злобна“, биле само дел од коментарите.

Селена Гомез по драмата на својот профил добила следбеници и кои не се нејзини обожаватели, а по овој повод таа само изјавила дека го надминала детското однесување и реакциите.

Share This Article