More

    Хејли Бибер испрати мистериозна порака

    spot_img

    Хејли Бибер испрати мистериозна порака преку Инстаграм, поради загриженоста на милиони обожаватели за нејзиниот сопруг Џастин Бибер по апсењето на неговиот ментор во почетокот кариера, раперот Шон „Диди“ Комбс.

    Додека се шират шпекулации и гласини за природата на односот на Бибер и Диди, Хејли објави фотографија на која Бибер им покажува среден прст на папараците.

    „Расположение (Mood)“, напиша накратко Хејли со фотографијата.

    Џастин и Хејли досега не се огласуваа за ситуацијата со Диди, па многумина ова го протолкуваа како прв коментар за апсењето на раперот и коментарите за тинејџерското дружење на Бибер со музичкиот магнат обвинет за сексуална злоупотреба и трговија со луѓе.

    Хејли и Бибер се венчаа во септември 2018 година. Тие станаа родители ова лето, го добија синот Џек.

    Потсетуваме, кога Џастин Бибер ја започна својата кариера како момче, го наведе Диди како еден од музичарите кои имаа најголемо влијание врз него. Двајцата се зближија откако ги поврза менторот на Џастин, Ашер (патем, Диди беше ментор на Ашер).

    Со години заедно се појавуваа во јавноста, но по апсењето на Диди, Бибер се оградува, а обожавателите мислат дека ситуацијата открива низ што поминувал младиот Бибер на почетокот на кариерата.

    Во 2009 година, младиот Бибер на Јутјуб го објави видеото „48 часа со Диди“, кое го прикажува дружењето на тинејџерот Бибер и музичкиот магнат. Неодамна се прошири снимка од старо интервју помеѓу него и Џастин Бибер во емисијата „Џими Кимел во живо“. Бибер тогаш имал само 16 години и зборувал за тоа колку раперот му помогнал во кариерата, а Комбс рекол дека на него гледа како на „помал брат“. Но, истовремено му рекол дека не смее да каже што прават тие двајца кога се заедно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img