More

    Хавиер Милеи е новиот претседател на Аргентина

    spot_img

    Економистот и екстремно десничарски политичар Хавиер Милеи ќе биде новиот претседател на Аргентина, откако победи во вториот круг од претседателските избори.

    Милеи освои 55,95 отсто од гласовите, додека неговиот ривал Серхио Маса доби 44,04 отсто поддршка, официјалните резултати се базираат на повеќе од 86 отсто од преброените гласови.

    Маса го призна поразот и им кажа на своите приврзаници дека Милеи е „претседателот на мнозинството Аргентинци избран во следните четири години“.

    Во својот победнички говор доцна синоќа, Милеи рече дека почнува „крајот на декаденцијата“ и „реставрацијата на Аргентина“.

    „Ова е историска ноќ за Аргентина… денес го усвојуваме моделот на слобода, повторно да станеме светска сила“, рече Милеи.

    Хавијер Милеи ќе ја преземе претседателската функција на 10 декември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img