Силна експлозија се случи утрово во фабрика за производство на експлозивен материјал во градот Гревена во северна Грција, а според првичните информации тројца вработени се исчезнати, јави дописничката на МИА од Атина.
Градоначалникот на Гревена, Јоргос Дастаманис за грчките медиуми рече дека експлозијата била многу силна, чуварот превентивно бил префрлен во болница, но без повреди, а исчезнати се три лица, вработени во фабриката.
Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека интервенираат 11 пожарникари со четири возила и две спасувачки единици.