Хармонија на слика и звук во еден уред

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Љубителите на технологијата на 21-от век, освен што уживаат во откривањето на новите уреди, уште повеќе уживаат во нивното користење. Доколку и вие спаѓате во оваа група, на вистинскиот пат сте да дознаете каков телевизор ви е потребен за секогаш да уживате во квалитетна содржина.

Се разбира, станува збор за Samsung Neo QLED телевизорот, кој штом се појави ги освои срцата и очите на многумина бидејќи со врвната технологија што ја поседува овој телевизор, содржини како филмови, серии или спортски натпревари, добиваат целина нова димензија.

Neo QLED 8K за 2022 година е надграден за да го подигне искуството на големиот екран на сосема ново ниво. Во неговото срце е Neural Quantum 8K – најновиот процесор со 20 независни мрежи со невронска вештачка интелигенција, од кои секоја ги анализира карактеристиките на содржината и квалитетот на приказот на сликата за оптимално гледање, без оглед на изворот. Овој процесор лансира и нова технолошка иновација – Real Depth Enhancer, кој го скенира екранот и го максимизира контрастот во однос на позадината, а истовремено го подобрува објектот во фокус, додека позадината останува необработена. Исто така, нова карактеристика е Shape Adaptive Light Control, која му овозможува на процесорот во комбинација со моќната Quantum Mini LED технологија да создаде прецизно и контролирано осветлување, така што светлите области остануваат светли, а темниот простор околу него останува темен.

Покрај феноменалната слика што ја дава, овој модел има подеднакво добри звучни карактеристики за што докажува технологијата Object Tracking Sound Pro која го следи дејството на екранот, ја позиционира репродукцијата на звучниците и создава најреално чувство на звук, додека SpaceFit Sound ја анализира околината и потоа автоматски го прилагодува звукот на ТВ во согласност со неговите идеални поставки.

Дозволете иновативните технологии на овогодинешните Neo QLED телевизори да го подигнат вашето искуство во уживањето во мултимедијална содржина на следното ниво и да се нурнете во светот на сликата и звукот со квалитет на кино!

Share This Article