More

    Харков гради училишта под земја за да ги заштити децата

    spot_img

    Градот Харков во североисточна Украина, што е речиси секојдневно гранатиран од руските сили, ќе изгради неколку училишта под земја за да ги заштити децата, соопштија градските власти.

    Вториот по големина град во Украина, Харков се наоѓа на само неколку десетици километри од границата со Русија, чии сили го гаѓаа градот со артилерија од почетокот на инвазијата во 2022 година.

     

    „Откако првиот проект за подземно училиште во Украина беше успешно спроведен, во Харков, започна изградбата на уште три такви објекти“ – се вели во соопштението на градските власти.

    Градоначалникот Игор Терехов нагласи дека градот, кој го отвори своето прво подземно училиште претходно оваа година, издвојува сопствени средства за новите училишта да напредуваат што е можно поскоро.

    Властите во регионот Доњецк оваа недела наведоа дека градат подземни одделенија во болница во градот Покровск, на околу 25 километри од руските сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img