More

    Хари и Меган се почестија за нивната годишнина

    spot_img

    Принцот Хари и Меган наводно биле забележани во престижен холивудски ресторан каде што ја прославиле 6-годишнината од бракот. Вечерале со пријателите и уживале во омиленото јадење на Хари, стек кој чини неверојатни 150 евра, објави Татлер.

    Хари и Меган, кои штотуку се вратија од кралското патување во Нигерија, вечерале со пријателите, извршниот директор на „Партамонт пикчрс“, Брајан Робинс, и неговата сопруга Трејси.

    Славната двојка го посетила ресторанот „Лаки“ за кој се вели дека станал омилено место за војводата во близина на нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.

    На менито на овој ресторан има мезе чија цена се движи од околу 26 до 40 фунти, што е од околу 2.000-3.000 дeнари, а бифтекот е околу 150 евра.

    Се смета дека Брајан и Трејси Робинс се зближиле со Хари и Меган откако кралската двојка се преселила во Америка.

    Господин и госпоѓа Робинс присуствуваа и на премиерата на филмот за Боб Марли во Јамајка во јануари каде што Хари и Меган беа видени како уживаат во филмот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img